top of page

Ден 13


Саботното сончево утро наговестуваше уште една незаборавна авантура. Третата (а воедно и последна) екскурзија започна со повторна постеа на малото, но мошне богато градче со знаменитости Радовљица. Враќањето на ова место значеше и исполнување на уште една наша голема желба (благодарејќи на координаторката на целиот проект Наташа Кристан Примшар), а тоа е присуството на „Петтиот фестивал на чоколадото“. Да се биде дел од овогодинешниот фестивал беше и своевидна привилегија, затоа што имавме можност да бидеме на местото каде што само пред 24 часа беше поставен новиот Гинисов рекорд за најголемо чоколадо во светот. Вредните раце на искусните слаткари за 300 часа го подготвиле најголемото чоколадо, со површина од: 140 и вкупно: 28.000 чоколадни коцки.

По вкусното заблажување и вистинското уживање на мирисите на најразличните видови на чоколади, патувањето го продолживме кон општината со најдолга традиција во организирање на зимски спортови и зимски туризам наречена „Крањска Гора“. Пределот се наоѓа во северозападниот дел од Словенија на тромеѓето со Италија и Австрија, простирајќи се во средината на надалеку познатиот алпски масив. Општината се наоѓа на висина од околу 2000м надморска височина, а на највисоката точка гордо стои Триглав, највисокиот врв во Словенија со височина од 2864м. Движејќи се низ шареноликата вегетација богата со пространи ливади и високи снежни врвови стигнавме до надалеку познатата алпска долина наречена Планица во чиј центар се наоѓа и најголемата ски-скокалница на која е постигнат рекорден лет во светски рамки од 248,5 метри и тоа во споственост на словенецот Петер Превц, постигнат во 2015 година. Безбројните врвови распространети по целата должина на алпите, чистиот воздух проследен со силниот ветер и јасното сонце ја нацртаа фасцинантната слика која сигурно вечно ќе ја паметиме.

Нашето патешествие продолжи кон сè погустата и побогата со бои природа за да стигнеме на местото каде што извира реката Сава Долинка, која заедно со реката Сава Бохинка, ја создаваат реката Сава, една од најдолгите реки (940кm) во југоисточна Европа. Кристално чистата вода, богатата флора и фауна уште еднаш ја истакнаа вонвременската убавина на овој рајски предел.

Последната дестинација за денешната екскурзија беше посета на малата но историски многу значајна руска црквичка, изградена на надморска висина од околу 1115 метри, во областа наречена „Под Вршич“. Љубезниот домаќин ни ја раскажа големата симболика и значење на ова место. Имено, за време на Првата светска војна, руската војска на ова место го гради можеби најзначајниот воено-стратешки пат, кој не е доизграден поради големата трагедија која што се случила во 1916 година, односно при една голема лавина загинуваат околу 300 војници. На ова место, како сведок на оваа трагедија, сè уште стои малата црквичка (изградена токму од трагично загинатите војници) која во знак на благодарност кон рускиот народ од страна на словенечкиот народ во 2006 година целосно е реставрирана. Денес таа претставува симбол на помирување, едниство и победа на човештвото. Нашата екскурзија заврши со желба еден ден повторно да се вратиме и да уживаме во благодетите на оваа недопрена природа.


Featured Posts
Check back soon
Once posts are published, you’ll see them here.
Recent Posts
Archive
Search By Tags
No tags yet.
Follow Us
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
bottom of page