top of page

Ден 11





Првата група беше во кабинетот за програмирање, професорот Жига Лаусегер ги запозна со програмата „EagleCAD“ и нејзините функции. Потоа учениците беа поделени во три групи и започнаа со конструкција на ППК (плочки со печатено коло). Во програмот „EagleCAD“ изработија шема за програмабилен микроконтролер.


Втората група продолжи со започнатото дизајнирање од претходниот ден, а по завршување на процесот на принтање на конкретен предмет. Со групна работа на учениците беше изработен модел на вентилатор во програмата „SolidWorks“, а во меѓувреме пребаруваа веќе изработени проекти за програмата „SolidWorks“, кои потоа ги испечатија.




Третата група имаше можност да ја посети компанијата „Flycom“. Главната дејност на оваа фирма е 3D мапирање и термално скенирање на електроенергетската мрежа со помош на хеликоптери и беспилотни летала во државата и пошироко. По презентацијата за принципот на работа, како и идните планови на компанијата имаа можност да го посетат и хангарот каде се сместени хеликоптерите и целокупната опрема за снимање и скенирање.



Четвртата група ја посети компанијата „ORO“ која е основана во 1986 година. Главна дејност на компанијата е изработка на алати со помош на CNC (computerized numerical control) машини. Компанијата се простира на површина од 2.500 квадратни метри и вработени се 60 луѓе. Потоа го посетија паркот и музејот за воена историја. Во музејот имаа можност да видат најразлични вид на воен арсенал.



Петтата група продолжи со работа во кабинетот CMS (Content Management Systems) и притоа ја завршија веќе започнатата работа на веб страната во „Wordpress„.

Попладнето професорот Јака Албрехт им го објасни процесот на учениците за програмирање на микроконтролер преку развојната плоча Arduino UNO.


Featured Posts
Check back soon
Once posts are published, you’ll see them here.
Recent Posts
Archive
Search By Tags
No tags yet.
Follow Us
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
bottom of page