top of page

Ден 10


Првата работна група за денешниот ден имаше можност да учествува во две едукативни екскурзии, односно ги посетија: Хидроелектраната „Završnica“ и компанијата „Swarco“.

Хидроелектраната всушност претставува првиот енергетски систем во Словенија и изградена е во далечната 1915 година. Низ годините реализирани се неколку поголеми зафати, а конечна обнова и модернизација е направена во 2005 година. Денес таа е дел од хидроенергетскиот систем „Moste“, кој располага со 4 генератори, а целиот систем произведува 21 MW, а средното годишно произвотство изнесува 64 GWh. Учениците имаа можност да ја посетат контролната станица како и просториите каде се сместени генераторите, а презентерот го објасни принципот на работа на целиот хидро-енергетски систем.

По кусата пауза патувањето продолжи до градот Лесце со посета на компанијата „Swarco“. Главното занимање на оваа компанија е целосно производсто на ЛЕД дисплеи, вклучувачки и исклучувачки сигнални информатори за патници на автопат и паркинзи како и изработка на VMS (Variable Message Sign) приколки за известување при изградба на патишта. Вработените ги презентираа карактеристиките и можностите кои ги нуди компанијата, а потоа учениците направија куса обиколка во погонот за производство.


Втора трета и четврта група беа на час по 3D принтање. Учениците се запознаа со програмата „SolidWorks“ и со основните правила за креирање на 3D принтер. Првенствено пребаруваа материјали на интернет, нацртаа скица, изработија макета на компјутер и на крај започнаа со дизајнирање на 3D принтер. Покрај таа задача учениците го посетија кабинетот за CNC (computerized numerical control) машини каде имаа можност да присуствуваат на конкретна изработка на делови за 3D принтер.

Петата група работеше на сетирање на веб страна во кабинетот за CMS (Content Management Systems). Најпрво се креираше база на податоци, односно корисничка сметка до која може да се пристапи до базата на податоци, како и табели во истата. Следната задача беше да се изработи основа на веб страната која ќе се полни со содржина, а целата постапка се работеше на платформата „Wordpress“.

Работниот дел од денот заврши со настава кај професорот Јака Албрехт. Целата на денешното предавање беше да се научи управувањето со електромотор и обична светилка кои користат надворешен извор на напон. За да се вклучи електромоторот, односно светилката се употребија и релеи кои го вклучуваа и исклучуваа електромоторот, односно светилката.



Featured Posts
Check back soon
Once posts are published, you’ll see them here.
Recent Posts
Archive
Search By Tags
No tags yet.
Follow Us
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
bottom of page