top of page

Ден 7


Неделното утро започна со ведро и сончево време, нешто што ветуваше уште едно незаборвано доживување. Неделната екскурзија започна во 9,00 часот и по половина час возење пристигнавме во малото градче Радовљица (сместено во Савската котлинана оддалечено 7 километри од Блед и 20 километри од Крањ со 6000 жители). Разновидната архитектура, седумвековната црква како и трите музеи се само дел од важните сегменти што го прават ова градче посебно и сето тоа распоредено долж улицата која води до главниот плоштад на кој централно место зазема спомен-куќата на еден од основоположниците на словенечкиот театар Антон Томаж Линхарт (1756 - 1795). Со длабока воздишка го напуштивме ова место со искрена желба повторно да се вратиме и тоа само за неколку денови кога ќе се оддржува таканаречениот „Фестивал на чоколадото“.


Нашето патешествие продолжи во правец на градот Блед. Со секој поминат километар и со постепената промена на релјефот, на боите и мирисите во природата можеше да се претпостави дека следната дестинација ќе биде вистинско уживање. По само дваесетина минути ова чувство се претвори во реалност. Пред нас, под будното око на многувековниот замок, со сета своја раскош и убавина се појави ледничкото езеро Блед. Езерото е долго 2120 метри, широко 1380 метри и длабоко 30 метри. Интересно да се напомене дека во средината на езерото се наоѓа единствениот природен остров во Словенија со неколку градби од кои најпозната е црквата Успение на Богородица изградена во XV век. По неколкуминутна прошетка по кејот се упативме кон замокот над езерото. Замокот познат како „Blejski grad“ за првпат се споменува во документите на германскиот крал Хенри II во 1014 година. Во неговата внатрешност покрај автентичната печатница и ковачница имаме можност да го посетиме историско-археолошкиот музеј во кој беа представени најразлични експонати и скулптури уште од антички времиња. По безбројните фотографии и широките погледи упатени кон езерото и градот Блед го напуштивме ова природно и општествено богатство се упативме кон главниот град - Љубљана.


Градот има околу 300,000 жители и представува главниот политички, културен и административен центар во СЛовенија. Тој е сместен во централниот дел на државата во таканаречената Љубљанска котлина помеѓу Алпите и Јадранското море. Нашата прошетка започна во најголемиот парк Тиволи и продолжи кон локалната тврдина од каде можевме со панорамски поглед да се запознаеме со големината и знаменитостите во градот. Во тврдината го посетивме музејот на словенската историја и се запознавме со позначајните моменти и личности значајни за создавањето на словенечката држава. По тврдината продолживме низ старото градско јадро и ги посетивме некои од монументалните споменици како што се: Бискупска палата, катедралата на Св.Никола, Опера и други. Движејќи се низ тесните улички, минувајќи помеѓу бројните барокни куќи, згради, уредните дуќани и ресторани кои му даваат посебен амбиент и убавина на градот се упативме кон централниот плоштад. Преминувајќи ја реката Љубљаница и главниот градски пазар стигнавме до плоштадот каде централно место зазема споменикот на еден од најзначајните словенечки поети, Франце Прешерн (1800-1849). По долгиот исклучително интересен и богат со настани ден, во 18,00 часот се упативме кон Крањ.



Featured Posts
Check back soon
Once posts are published, you’ll see them here.
Recent Posts
Archive
Search By Tags
No tags yet.
Follow Us
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
bottom of page