top of page

Ден 12


Во последниот работен ден првата група продолжи со работа во кабинетот за програмирање, односно учениците започнаа со поставување и лемење на елементите: микроконтролер, USB порта, тастер, регулатор, отпорници, ЛЕД, кондензатори и пинови за програмирање.



Втората група продолжи со анализа на вчерашните изработени модели, потем ја проследија процедурата за печатење, а на крајот беа испечатени моделите кои ги пребаруваа учениците на интернет.

Трета и четврта група беа на екскурзија во Љубљана и покрај прошетката и запознавање со позначајните знаменитости имаа можност да дознаат повеќе за делата на најпознатиот словенечкиот архитект Јоже Плечник, како што се: Тројниот мост, Словенечката национална и универзитетска библиотека и Отворениот пазар.

Петтата група заврши со изработката на веб страна во платформата „WordPress“, а воедно го подготвија материјалот за предвидената презентација, која што треба да се презентира во текот на месец Мај од страна на професорите.

На последните часови кај професорот по практична настава Јака Албрехт учениците се запознаа со ултразвучни сензори за растојание и со тоа завршија со предвидените задачи од планот за работа.


Featured Posts
Check back soon
Once posts are published, you’ll see them here.
Recent Posts
Archive
Search By Tags
No tags yet.
Follow Us
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
bottom of page