top of page

Ден 9


Првата и втората група за денешниот ден имаа рекреативна активност во „Олимпискиот базен “ во Крањ. Учениците имаа можност да вежбаат: фитнес, аеробик и трим.

Третата ти четвртата група продолжија со настава во училиште работејќи на автоматско-пневматските ножици притоа ја завршија програмата и техничката документација за макетата. На крајот секоја група оддржа кратка презнтација на реализираните активности, нашиот ученик Соколчевски Александар ги презентираше чекорите за реализацијата на проектот, а потоа учесниците во проектната задача беа оценети од страна на нивните ментори.

Петтата група ја посети фирмата „VPK - Video Produkcija Kregar“ во Љубљана. Прво учениците го видоа репортажното возило и се запознаа со опремата потребна за пренос на програма во живо. Потем ја посетија просторија во која се чува целосната опремата и алатот потребни за снимање на адуио и видео записи. Презентерите практично им го прикажаа принципот на работа на студиото, како и софтверот потребен за обработка на видео записи.


Попладнето учениците беа на последниот час од обуката со професорот Жига Лаусегер и ги довршија започнатите процеси за практична примена на тајмерите и на крајот креираа програма со која се овозможува контрола на осветленост на LED.


Featured Posts
Check back soon
Once posts are published, you’ll see them here.
Recent Posts
Archive
Search By Tags
No tags yet.
Follow Us
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
bottom of page